Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Скопје за пола година украдени 500 сообраќајни знаци

Во Скопје за пола година украдени 500 сообраќајни знаци

Во првите шест месеци од годинава, на градските улици и булевари во Скопје се оштетени и украдени 500 сообраќајни знаци.

,,При редовните контроли е утврдено дека оштетените знаци се бојадисуваат со спрејови, се користат како рекламни табли и на нив се лепи рекламен материјал, се искривуваат, а голем дел од нив се и целосно отстранети“- велат од Град Скопје.

Од таму информираат дека во првите за шест месеци на улиците и на булеварите се поставени 300 нови сообраќајни знаци.

Градските власти апелираат граѓаните да не ги оштетуваат поставените сообраќајни знаци и да ја почитуваат патната сигнализација, за да придонесат за безбедно одвивање на сообраќајот.

Слично

Поврзани вести