Во Скопје се протестираше за поддршка на случувањата во БиХ
Едвај неколку десетици граѓани, со транспаренти со кои се бараше „Социјална правда“ протестираа попладнево пред Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, во знак на поддршка за масовните граѓански и социјални немири кои ја потресуваат оваа земја деновиве.
Иницијатори на протестите во Скопје беа неколку левичарски здруженија од Македонија, кои велат дека целта им била да се разбуди јавната свест кај македонските граѓани за начинот на кој можат да ги бранат и штитат своите права.
„Босна исто како и Македонија е земја со голема сиромаштија. И таму многу луѓе се богатат затоа што народот меѓусебно се мрази. Никој не го очекуваше ова во Босна, но се случи. Ако може тоа да се случи таму, тогаш може да се случи секаде, па и во Македонија“, вели Здравко Савески.
Учесниците се организираа за протест преку социјалните мрежи, откако со проглас на тоа ги повикаа граѓанските здруженија „Солидарност“ и „Ленка“.
Слично
