Во Скопје се организира вело тура за легализација на канабис
Првата вело тура за легализација на медицинскиот канабис ќе се одржи во Скопје оваа недела на 13 септември.
Организаторите од Канабис Клубот во Скопје ги повикаа сите граѓани кои сакаат да учествуваат на овој настан да се приклучат со своите велосипеди, ролери и скејтборди во едночасовната тура низ центарот на градот.
Целта на организаторите и учесниците е да покажат дека како што велат, и луѓето со спортски дух се залагаат за канабисот во медицина.
Турата ќе започне и ќе заврши во Школка во Градски Парк, а ќе трае од 12 до 13 часот.
Инаку, на последното анкета на агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект се покажа дека 70 отсто од граѓаните на Македонија ја поддржуваат легализацијата на медицинската марихуана, а 28 отсто се против.
Слично
