Во Скопје не се дише! Граѓаните на марш против загадувањето на воздухот
Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје одржа марш за намалување на загадувањето на воздухот. Активистите прво се собраа кај Топланата во Клинички центар, која, според нив е еден од најголемите загадувачи на воздухот во Скопје.
„Топланата работи на мазут, кој со неговото согорување испушта јаглероден диоксид, сулфур диоксид и штетни честички ПМ 10. Овие честички во изминатиот период, според мерните станици, се шест пати повеќе од дозволеното присутни во воздухот. Тоа е причина за повеќе болести кај луѓето, респираторни и кардиоваскуларни“, изјави Алксандра Трпеска, претставник од Здружението.
Од Топчаната, точно напладне , активистите маршираа д плоштадот „Македонија“.Со маршот, велат тие, сакаат да испратат порака и до надлежните институции, индустријата, но и граѓаните за совесно однесување и намалување на загаденоста на воздухот.
