Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА И СТРУМИЦА: Мирно завршија вечерашните протести

ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА И СТРУМИЦА: Мирно завршија вечерашните протести

Петти ден по ред во Скопје, четврта вечер во Битола а прва во Струмица протести иницирани од одлуката на претседателот Иванов да аболицира политичари за кои Специјалното јавно обвинителство покрена истрага.

Неколку илјади демонстранти во главниот град протестираа пред Владата, тргнувајќи од пред СЈО до Собрание, а после Влада се упатија кон седиштето на владеачката гарнитура.

Таму полициските сили и кордони ги спречија да се приближат до зградата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред Владата, демонстрантите побараа оставка од претседателот Ѓорге Иванов, одложување на вонредните парламентарни избори закажани за 5 јуни и формирање наекспертска влада која ќе организира фер и кредибилни избори.

Демонстрациите во организација на граѓанските невладининорганизации соберени под платформата „Протестирам“ ги поддржа опозицијата на чело со СДСМ чиј лидер присуствуваше на вечерашните протести.

Протестантите и вечерва извикуваа „Нема правда нема мир“, „Никогаш повеќе ваква власт“ носејќи транспаренти на кои пишуваше „Протестирам“ на македонски и албански јазик.

Протестот заврши без инциденти, а демонстрантите и вечерва ја обоија Триумфалната порта во разни бои, на многу места како и на општинската канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ во центарот напишаа „Смрт за фашизмот, слобода за народот“, пред владината зграда напишаа „Оставка“.

Протестите кои секој ден се одржуваат во 18 часот ги предизвика одлуката на претседателот Иванов кој реши да аболицира функционери од власта и опозицијата.

Воедно демонстрантите и дават силна поддршка на специјалната обвинителка Катица Јанева и од пред зградата на СЈО го почнуваат секој протест.

Мирно завршија протестите и во Битола и Струмица.

 
Слично

Поврзани вести