Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Сирија 250.000 деца може да умрат од глад?

Во Сирија 250.000 деца може да умрат од глад?
Во Сирија околу 250.000 деца гладуваат, немаат храна, лекови и струја, предупредуваат од невладината организација „Спасете ги децата“. Според оваа невладина организација, децата се исплашени и осиромашени и само очекуваат кога ќе бидат убиени. Во опкружувањето каде се убиваат луѓето кои ќе се обидат да избегаат од градот, луѓето умираат на само неколку километри од складови каде има лекови и други медицински помагала. Голем е бројот на неухранетите луѓе кои во бунило шетаат во оваа земја, пренесуваат светските медиуми. Од организацијата „Спасете ги децата“, велат дека сириските деца ја плаќаат цената затоа што меѓународната заедница не е активна, а се ближи петта година како се води војна во Сирија.
Слично

Поврзани вести