Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во силно невреме во Истанбул загинаа 4 лица, а 38 се повредени

Во силно невреме во Истанбул загинаа 4 лица, а 38 се повредени

Четири лица загинаа во невремето во турскиот град Истанбул. Ветерот денеска достигнал брзина и до 130 километри на час.

Истовремено 38 луѓе се повредени. Причинета е и материјална штета. Ветерот откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони. Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир, информира Анадолија. Ветерот ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.


Слично

Поврзани вести