Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ШПАНИЈА СЕ ВОВЕДУВА „ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ“: Милиони работници би можеле да имаат корист од намалувањето на даноците

ВО ШПАНИЈА СЕ ВОВЕДУВА „ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ“: Милиони работници би можеле да имаат корист од намалувањето на даноците

Шпанската влада договори пакет фискални мерки кои вклучуваат намалување на даноците на доход за граѓаните со ниски и средни примања, оние со бруто годишен приход помал од 21.000 евра.

Таа бројка не е случајно избрана, бидејќи просечната плата е околу 21.000 евра годишно, пишува Ел Паис.

Дополнително, извршната власт најави дека ќе ги зголеми стапките на персоналниот данок на доход што се наплатува на приходите од заштеди и се согласи „данок на солидарност“ да биде ефективен во 2023 и 2024 година за средства од повеќе од три милиони евра.

Министерката за финансии Марија Хесус Монтеро предвидува дека од 23.000 големи даночни обврзници ќе се соберат најмногу 1.500 милиони евра.

Од ова намалување на даноците би можеле да имаат корист од четири до пет милиони работници, а Министерството наведува неколку примери за тоа како мерката би имала влијание.

Оженет работник со две деца со заедничка пријава за данок и плата од 19.000 евра би престанал да плаќа 331 евро. Пензионер со приход од 16.500 евра би заштедил 689 евра, а работник без партнер и со две деца, кој заработува 18.500 евра, би имал бенефит од 516 евра.

Новиот данок на богатите, наречен „данок на солидарност“, ќе стапи во сила привремено во текот на 2023 и 2024 година, а ќе го плаќаат оние кои поседуваат имот во вредност од над три милиони евра.

Од оваа бројка до средства од пет милиони евра, стапката ќе биде 1,7 отсто. Помеѓу пет и десет милиони 2,1 отсто, а за имот поголем од 10 милиони евра 3,5 отсто.

Министерството за финансии проценува дека тоа ќе влијае на 23.000 даночни обврзници.

Слично

Поврзани вести