Во септември просечната плата била 21.060 денари
Просечната месечна нето-плата исплатена по вработен во септември изнесувала 21.060 денари, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено со платата во септември минатата година, таа е зголемена за 1,3 проценти.
Зголемувањето на платите се должи, пред сè, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „транспорт и складирање“ за 6 проценти, градежништво за 5,8 проценти и рударство и вадење камен за 4,4 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, статистика евидентира во секторите рударство и вадење камен за 5,8 проценти, уметност, забава и рекреација за 2,8 проценти и снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 2,8 проценти.
Во септември годинава 1,2 проценти од вработените во Македонија не примиле плата. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесува 30.915 денари.
Слично
