Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Сеопфатниот центар за 'рбет „Аџибадем Маслак“ се лекуваат пациенти од 52 земји Центарот бележи 7 години успешни резултати со VBT - нова операција за сколиоза

Во Сеопфатниот центар за 'рбет „Аџибадем Маслак“ се лекуваат пациенти од 52 земји Центарот бележи 7 години успешни резултати со VBT - нова операција за сколиоза

Околу една милијарда луѓе ширум светот живеат со болки во 'рбетот. Тоа е главна причина за попреченост во светот, а ги погодува сите возрасни групи, од деца до постари лица. Третманот за нарушувања на 'рбетниот столб често е сложен процес кој вклучува специјалисти од различни медицински области. Сеопфатниот центар за 'рбет „Аџибадем Маслак“ во Турција е докажан лидер за нега на 'рбетот, прифаќајќи пациенти од 52 различни земји. Центарот обезбедува напредни дијагностички опции и третман за широк спектар на болести на 'рбетниот столб, од деформитети на 'рбетот до дегенеративни состојби на дисковите, тумори на 'рбетот, инфекции и повреди на 'рбетниот мозок. Мошне напредна процедура која се изведува во „Аџибадем“ е Vertebral Body Tethering - VBT (Врзување на телото на пршлените) за лекување на сколиоза кај деца и адолесценти. За разлика од традиционалната хирургија со спинална фузија, VBT го корегира искривувањето без да предизвика губење на 'рбетната мобилност. Сеопфатниот центар за 'рбет „Аџибадем Маслак“ беше првиот што го примени новиот метод надвор од САД, каде што е првпат воведен. Во последните 7 години, повеќе од 150 пациенти се успешно третирани со врзување на телото на пршлените во „Аџибадем“, поради што центарот е еден од најискусните ширум светот.

Сколиозата е најчест деформитет на 'рбетот што се открива во детството. Кога 'рбетот се искривува настрана, тоа се нарекува сколиоза. Го погодува секое трето лице од 100 адолесценти, момчиња и девојчиња, а вообичаено се јавува на возраст меѓу 10 и 15 години. Во речиси 8 од 10 случаи, причината за сколиоза е непозната. Тоа вообичаено се нарекува идиопатска сколиоза. Во повеќето случаи, искривувањето е благо и не е потребно лекување. Кога искривувањето се развива со текот на времето и надминува 45 степени, тоа го намалува просторот во градите и го отежнува правилното функционирање на белите дробови и срцето. За тешка сколиоза, стандардниот третман е хируршка интервенција која опфаќа спинална фузија. Со постапката 'рбетот се стабилизира со завртки и шипки и е многу ефикасна. Но, фузијата го елиминира движењето помеѓу споените пршлени и го ограничува преостанатиот раст на пациентот. За одредена група на пациенти со сколиоза, алтернатива може да биде врзување на телото на пршлените.

VBT е минимално инвазивна процедура која го намалува периодот на закрепнување по операцијата. Се изведува преку 6 мали засеци, со должина од 1 до 3 см, кои лесно може да се прикријат. Хируршкото поле се визуелизира со помош на минијатурна камера вметната низ местата за пристап заедно со сите торакоскопски алатки. За време на операцијата, во областа на искривување се поставуваат завртки на телото на пршлените. Потоа над завртките се става уред што наликува на јаже и се затегнува. Со текот на времето применетата сила резултира со корекција на деформитетот. За време на VBT операцијата искривувањето само делумно се коригира. Потоа, спонтана корекција се постигнува со самиот раст на пациентот. Бидејќи 'рбетот не е споен, неговата флексибилност и нормален раст се зачувани. Дополнителна предност на овој метод е брзото враќање на училиште во рок од една или две недели. Покрај тоа, пациентот може да се занимава со сите видови спорт три месеци по операцијата.

Сепак, врзување на телото на пршлените не е соодветно за сите пациенти со сколиоза. Најдобри кандидати се лицата на возраст од 10 до 16 години, со дијагноза идиопатска сколиоза, со искривувања меѓу 35 и 80 степени, кои сè уште растат. Правилната проценка на преостанатиот потенцијал за раст е клучна за успешен третман.

За безбедна примена на VBT техниката потребна е стручност од повеќе медицински специјалности. Операцијата на 'рбетот вообичаено се поврзува со специјалисти по ортопедија. Сепак, за време на оваа процедура хируршкото поле е многу блиску до големите садови и потребен е кардиоваскуларен хирург. Торакален хирург помага да се подготват местата за пристап. Невролог го следи процесот за да избегне оштетување на виталните функции. Работата како тим овозможува помал ризик и подобри клинички резултати. Мултидисциплинарниот пристап е рутинска практика во „Аџибадем“ и тоа е една од причините зошто тој е еден од неколкуте медицински центри во светот кои успешно ја спроведуваат VBT процедурата. Операцијата ја изведува тим на реномираниот проф. АхметАланај, активен член на најценетите научни здруженија од оваа област на меѓународно ниво. Покрај тоа, во Сеопфатниот центар за 'рбет „Аџибадем Маслак“ пациентите имаат пристап до уникатно знаење, сеопфатна нега и најнова технологија на специјализиран центар од светска класа. За време на операциите на 'рбетот, високотехнолошката опрема помага да се подобри безбедноста и да се намали ризикот од повреда. Спиналната навигација овозможува безбедно и сигурно поставување на завртките. Невромониторингот им овозможува на хирурзите да идентификуваат потенцијална повреда предизвикана од хируршката интервенција и во голема мера го елиминира ризикот од парализа. 3D печатењето овозможува да се добие точна копија од 'рбетот на пациентот и да се симулира операцијата на модел, со што се намалува ризикот од компликации.

Деформациите на 'рбетот како сколиоза и кифоза вообичаено се поврзуваат со детството и адолесценцијата. Сепак, тие често се јавуваат подоцна во животот поради седентарен начин на живот и зголемен животен век. Се проценува дека деформитетите на 'рбетот се среќаваат кај 60 од 100 луѓе на возраст над 60 години. Многу други состојби можат да влијаат на 'рбетот каде и да е, од вратот до долниот дел на грбот, што го нарушува квалитетот на животот. Заедно со стареењето, често се јавуваат и фрактури на 'рбетот и хернија на дискот. Сеопфатниот центар за 'рбет „Аџибадем“ обезбедува напредни хируршки и не-хируршки опции за чести и сложени нарушувања на 'рбетот кај деца и возрасни. Центарот изведува повеќе од 4000 амбулантски консултации и над 300 операции годишно. Минимално инвазивните хируршки техники се претпочитаат секогаш кога е можно, за да се избегнат потенцијални ризици и компликации поврзани со конвенционалната хирургија. За сеопфатна нега и подобри резултати се применува тимски пристап кој обединува искусни невролози, ортопеди, хирурзи, неврохирурзи, радиолози, анестезиолози, ортотичари и специјалисти за рехабилитација.

Проф. Ахмет Аланај, директор на Сеопфатниот центар за 'рбет „Аџибадем Маслак“, специјалист по ортопедија и трауматологија коментира:

„Нашиот 'рбет е како мост што носи две третини од нашата телесна тежина. Тој има важна улога за нашето здраво дишење и функцијата на срцето. Затоа од клучно значење е да имаме здрав рбет. Сеопфатниот центар за 'рбет ‘Аџибадем Маслак’ нуди опции за дијагностицирање и третман на широк спектар на болести на 'рбетот, вклучувајќи деформитети на 'рбетот кај деца и возрасни, сколиоза, кифоза, лизгање на пршлените, повреди на 'рбетот и хернии на вратот. Кај сите напредни дијагностицирања и процедури на лекување, применуваме мултидисциплинарен пристап што ги вклучува сите соодветни специјалисти. Тој пристап овозможува брз трансфер на информации меѓу одделите. На тој начин го минимизираме губењето време за пациентот и преминуваме во фазата на решавање на проблемот. Не заборавајте: здравјето на вашиот 'рбет е вашиот квалитет на животот“.

https://www.acibadem.mk

macedonia@acibadem.com

ПР објава

Слично

Поврзани вести