Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во САД се помал број на откази - Рекордно ниска стапка на социјална помош

Во САД се помал број на откази - Рекордно ниска стапка на социјална помош

САД бележи рекорден историски пад на барањата за социјална помош во последните 40 години со тоа што има се помалку лица на кои им е потребна помош од државата затоа што го изгубиле работното место. 

Според последните податоци на Департментот за труд има нешто над 2 милиони приматели на социјални бенефиции за заштита од невработеност и таа бројка е пониска и од 2000-та кога економијата беше во криза, како и во 70-тите кога се одвиваше голема рецесија во САД поради војната со Виетнам. 

Годинава се креирани десетина милиони нови работни места кои брзо го амортизираа пазарот на трудот, има голем број на претприемачи кои воведуваат иновации и основната економија е стабилизирана, па токму затоа нема масовни отпуштања и кризи на пазарот на трудот.


Слично

Поврзани вести