Во САД се градат куќи кои не трошат енергија
Градот Феникс во Аризона, нуди бесплатни планови за предлози за куќи кои нема да трошат енергија, туку потрошената ќе ја надоместат со сопствено производство.
Целта на овој проект е да се поттикне јавноста да гради повеќе домови одговорно се однесуваат кон зачувување на животната средина, особено со цел да се обезбеди поголема енергија од онаа потрошената до 2050 година.
Зелените домови се многу популарен и здрав избор и се можност за голема заштеда на енергија. Архитектите се повикуваат да направат планови за домови што се прифатливи, удобни и имаат нула потрошувачка на енергија.
Конкурост наречен „Одржлив развој на домот“ им даде можност на архитектите да испробаат нови идеи кои вклучуваат потрошувачка на чиста енергија и не придонесува за загадување на животната средина, пишува Енергетски портал.
Официјалниот систем за домашна енергија, HERS, ја мери енергетската ефикасност на еден дом. Доколку индексот на резултатите од мерењето е помал, куќата е поефикасна, а за конкуренцијата маргиналниот рејтинг беше 30, што е за 70 проценти пониско од стандардните куќи.
Победник на овој натпревар беше Марлин Имирзиан и нејзиниот тим архитекти, кои успеаја да дојдат до план за дом со нула потрошувачка на енергија, така што оценката HERS беше нула.
Фирмата Марлин Имирзијан доби награда од 100.000 американски долари, а самиот план за градба е веќе достапен за јавноста.
