Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во саботата се навршуваат 20 години од масакрот во Сребреница

Во саботата се навршуваат 20 години од масакрот во Сребреница

Дваесет години од масакрот во Сребреница се навршуваат во сабота.

Американска делегација, предводена од поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт, ќе присуствуваат на комеморацијата во Босна и Херцеговина. Двајцата одиграа клучна улога за одговорот против злосторствата.

На 11 јули 2005 година околу 8.000 муслимани беа убиени во Сребреница од силите на босанските Срби. 10 години подоцна жестоките настани продолжуваат да го делат светот.

Додека голем број држави го признаваат масакрот за „геноцид“, Русија вчера стави вето на ваквата резолуција во Советот за безбедност на ОН. „Сите овие резолуции имаат одредена вредност, но светот знае дека она што се случи таму е геноцид“, изјавил Дудо, жител на Сараево.

„Дојдовме до моментот во кој случајот Сребреница се претвора во тест за правда во овој свет“, изјавил градоначалникот на Сребреница Камил Дураковиќ.

Конвој со остатоците на 136 неодамна идентификувани жртви од масакрот тргна кон градот, каде во сабота ќе бидат погребани во меморијалните гробишта. Со нив патуваат и блиски на жртвите.

Во знак на помирување во Сребреница во саботата ќе присуствува и српскиот премиер Александар Вучиќ.

Слично

Поврзани вести