Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во рударството повеќе работници - што е со другите сектори?

Во рударството повеќе работници - што е со другите сектори?

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 1.8%. 

Во секторот преработувачка индустрија има опаѓање од 1.1%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бројот на работници се намалил за 0.5 %. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи опаѓање кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7%, додека пораст бележи кај енергија за 1.0%, интермедијарни производи, освен енергија за 0.5%, капитални производи за 5.4% и трајни производи за широка потрошувачка за 7.0%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 99.1. 

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - декември 2016 година, во однос на периодот јануари - декември 2015 година, изнесува 100.1.

Слично

Поврзани вести