Во „ровер“ кај Долно Количани пронајдени две мртви лица
Вчера вечерта на локалниот пат од скопското село Драчево кон селото Долно Количани во автомобил марка „ровер“ полицијата пронашла два машки трупа.
Првичните информации велат дека станува збор за убиство и самоубиство како епилог во кавга за сеча на дрва.
Автомобилот „ровер“ бил со охридски регистерски таблици а двете жртви имале прострелни рани на главата од огнено оружје.
Светислав Р. од Кичево е едната жртва кој бил пријавен за исчезнат додека идентитетот на другото лице уште не е утврден.
Телата на починатите се предадени на обдукција, а во автѕомобилот е најден пиштол од кој ќе се утврди дали било пукано од него.
ЈО работи на случајот и негово расчистување.
Слично
