Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Романија не успеа референдум за уставни измени поради недоволна излезност

Во Романија не успеа референдум за уставни измени поради недоволна излезност

Во Романија не излезе доволен број гласачи на референдумот за промена на уставот, односно за амандманска измена со која ќе се врати старото значење на бракот дека е заедница на маж и жена.

Централната изборна комисија на Романија соопшти дека поради малиот одѕив на избирачите не успеал дводневниот референдум за промена на Уставот со што би се отежнало легализирањето на истополни бракови. 

Излезноста била околу 20,4 насто, додека за успех на референдумот беше потребна излезност од 30 проценти од запишаните избирачи. 

Граѓаните се изјаснуваа за прифаќање на уставен амандман според кој бракот би бил дефиниран како заедница на маж и жена наместо заедница на сопружници, како што е сега.

Слично

Поврзани вести