Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Ресен се затвораат трите најголеми индустриски капацитети

Во Ресен се затвораат трите најголеми индустриски капацитети

Живко Гошаревски, градоначалникот на Ресен, објави дека во општината се затвораат трите најголеми индустриски капацитети откако бројот на позитивни на Кови-19 започна забележително да се зголемува иако до пред шест дена немаше ниту еден заболен. Вчера бројот на евидентирани беше 14, а денеска 6.

„По направените разговори со претставници на најголемите индустриски капацитети во Преспа, Свислајон-Агроплод , Хатекс и Стењетекс , договорено е погоните во овој период да бидат затворени, со што максимално би се намалиле контактите, групирањето и движењето на луѓето.
Уште еднаш упатувам апел сите жители на општината да се придржуваат до мерките, да нема групирање, да се носат маски и да се држи растојание од најмалку две метри.“, напиша Гошаревски на својот профил на „Фејсбук“.

Вчера излезе медиумска информација дека меѓу заболените има келнер, професорка, бербер и продавач на пазар, а според профилот на професии, се стравува дека бројот ќе се зголемува поради големиот број на контакти што ги остваруваат.

Слично

Поврзани вести