Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО РЕК БИТОЛА ИМА 2.400 ВРАБОТЕНИ - нови 130 вработувања не се планирале

ВО РЕК БИТОЛА ИМА 2.400 ВРАБОТЕНИ - нови 130 вработувања не се планирале

Во РЕК Битола се вработени 2.400 лица. Дали е тоа премногу или оптимално, особено сега во услови на тешка енергетска криза во која се наоѓа земјава, нека суди јавноста.

До оваа информација дојде Фактор, преку „залутан“ одговор на новинарско рашање до кој дојде нашата редакција и кој сепак решивме да го објавиме, во интерес на јавноста.

Од АД ЕСМ тврдат дека немале намера во РЕК Битола да вработуваат 130 лица, какви што имало шпекулации во јавноста.

„АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола нема никаква информација ниту постапка во врска со 130 нови вработувања во комбинатот“, одговориле од компанијата.

Од таму изјавиле дека структурата и бројот на вработени по сектори во РЕК Битола не е информација од јавен интерес согласно Листата на информации од јавен карактер усвоена од АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје на 03.10.2008 година. 

„Вкупниот број на редовно работени во РЕК Битола заклучно со 10 декември 2021 година изнесува 2399 лица“, навеле од компанијата.

Додале дека АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во континуитет ги презема сите неопходни технолошко – технички активности за континуиран ископ на јаглен и јаловина во рудниците на комбинатот. 

Слично

Поврзани вести