Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во регионот вонредна состојба поради студот и снегот

Во регионот вонредна состојба поради студот и снегот

Вонредна состојба е на сила во Нови Варош, Лучани, Рашка и Ивањица, а исто така и во Краљево и Ариље во Србија. 

Причините за прогласување на вонредна ситуација се непроодните патишта, што предизвикало отсеченост на домаќинствата, невозможност да да се одржуваат ниту настави во училиштата и отежнато е снабдувањето со електрична енергија.

Од „Патишта Србија“ информирале дека сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива отежнато и дека 1.800 лица од нивната екипа се излезени на терен со сите расположиви машини и камиони за посипување и чистење на снег.

Врнежите од снег не запираат. Се апелира граѓаните да не излегуваат до дома ако немаат потреба. 

Слично

Поврзани вести