Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

Хрватите инвестираат затоа што се плашат од сиромаштија во староста, а по недвижностите, најмногу сакаат да инвестираат во злато.

Дури 53 отсто од граѓаните активно инвестираат или имаат инвестиции, а по недвижностите и штедните сметки, златото го зазема високото трето место како омилена форма на инвестирање и штедење кај Хрватите. Инвестициско злато или сребро во форма на златни монети или прачки го купиле (за себе или како подарок) дури 35,6 отсто од граѓаните, додека огромното мнозинство од оние кои не купиле инвестициско злато размислуваат да купат злато во иднина - дури 52,8 отсѕо од хрватските граѓани.

Ова се податоците од најголемото истражување за злато во Хрватска, спроведено преку онлајн анкета на репрезентативен примерок од 800 испитаници на возраст од 20 до 64 години, спроведена во име на Auro Domus Group од страна на агенцијата за бизнис дизајн „Promosapiens“ во соработка со консултантската компанија „Tvoj Domagoj“.*

Фактот дека златото во последниве години станува сè попопуларна форма на штедење и инвестирање го потврдува и тоа дека хрватските инвеститори купиле инвестициско злато во вредност од 350 милиони евра во 2024 година, во споредба со 50 милиони евра пред шест години, што претставува вкупно зголемување на инвестициите од дури 600 отсто. Auro Domus вели дека 2025 година би можела да биде историска година за хрватскиот пазар на скапоцени метали доколку се остварат предвидувањата дека Хрватите ќе купат инвестициско злато во вредност од неверојатна милијарда евра, пренесува Слободна Далмација. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести