Во регионот има 300.000 нови работни места, но невработеноста уште е висока
Во регионот на Западен Балкан отворени се 300.000 нови работи места во периодот 2010 – 2016 година.
Тоа е раст на вработените за 6%, стои во извештај на Светска банка и Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
Извештајот укажува дека невработеноста во регионот се намалува, но и понатаму е исклучително висока и изнесува 21% од работната сила.
Директорката на СБ за Западен балкан, Елен Голдстајн оценува дека анализата на пазарот на трудот е важна за да се бараат начини за забрзување на отворање работни места.
Скоро 40% од работоспособното население е и понатаму неактивно, повеќе отколку во државите од Европската унија. Меѓу нив најмногу се жени и оние со ниско образование, се вели во извештајот.
Слично
