Во расчистување на хаосот од поплавите учествуваат и затвореници
Во расчистување на штетите од поплавите во скопско денеска ќе се вклучат триесетина затвореници од КПД „Идризово“.
Од затворот велат дека осудениците и осуденичките се солидаризираат со граѓаните кои претрпеа штети и затоа се на терен, за да помогнат.
Бројот на мажи затвореници кои ќе работат на терен е поголем од бројот на жени. Тие се ангажирани прво во Стајковци, а потоа ќе одат и во другите населени места каде има потреба од расчистување.
Поплавите кои се случија во саботата однесоа 21 живот. Штетите се огромни, оштетени се куќи, покуќнина, возила.
Слично
