Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во прогласувањето Автономна академска зона се приклучи и Професорскиот пленум

Во прогласувањето Автономна академска зона се приклучи и Професорскиот пленум

 Од професорскиот пленум ја известуваат јавноста дека денес е закажаната седница на Собранието на Република Македонија  на која е поднесен Предлог – закон за изменување на Законот за високото образование.

Професорскиот пленум укажува дека не е испочитувано нивното барање за одлагање на целиот пакет закони за високото образование до 2018 година, вклучително законот за воспитно – образовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование .

„Јавноста е запознаена дека Професорскиот пленум бара одлагање на примената на целиот пакет закони за високото образование до 2018 година како неопходен предуслов за отпочнување на работата за изготвувањето на нови законски решенија. Одложувањето на примената на пакетот закони е со цел за изработка на комплетно нов пакет закони што ќе одговара на состојбите и потребите на образованието во Република Македонија“ - стои во нивното соопштение.

Тие потенцираат дека со оглед на повеќепати изневерените очекувања од правно и институционално спречување на штетните пакет закони во високото образование а дека ќе продолжат  со вонинституционално делување сè до ставање во мирување на целиот пакет закони за високото образование до 2018 година и дека му се приклучува на Студентскиот пленум во прогласувањето Автономна академска зона на 11.2.2015.

Слично

Поврзани вести