ВО ПРЕСРЕТ НА УТРЕШНИОТ МАРШ: Директорите почнаа со притисоци врз учениците!
Пред малку до нашиот медиум пристигна соопштение од Средношколскиот пленум во кое известуваат за силни притисоци од страна на директорите во пресрет на утрешниот најавен протест.
„Уште на почетокот на денов почнавме да трпиме силни притисоци од страна на нашите директори. Под тоа ги подразбираме заканите од нив во врска со нашето присуство на утрешниот средношколски марш. Цитираме "нема да биде како минатата година, оваа навистина ќе ве запишуваме". Тука спаѓаат и бројни закани за педагошки мерки, намалени оценки, намалени поведенија и се така по ред кое веќе стана вообичаено за господата директори“, стои во дописот од пленумот на учениците.
Оттаму ги потсетуваат директорите дека секој граѓанин има право на протест и дека тие како како граѓани, ученици и засегната страна во образовниот систем имаат право, но и обврска да се борат против експериментите во образованието.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/20/zheshka-esen-mladite-utre-ja-otvoraat-sezonata-na-protesti/" target="blank" ]ЖЕШКА ЕСЕН: Младите утре ја отвораат сезоната на протести![/button]
Инаку за утре е најавен средношколски марш.
“Ако се мисли на родителите кои од страв молчат, тогаш залудни и безполезни се ваквите најави и веројатно решенија. Ако се мисли да се побара мислење од оние кои остро се спротивставија на екстерното тестирање како единствен начин на вреднување на успехот на учениците, на работата на наставниците , со можност да го загубат работното место, тогаш тоа треба јасно да се каже. Со оглед дека речиси една година МОН молчи, сметаме дека ова е само еден безуспешен обид да се намали незадоволството кај учениците, родителите и наставниците, особено во пресрет на пролетните избори. Крајно лицемерно од страна на Министерот за образование е да најавува нови решенија без да седне на иста маса со учениците, наставниците и родителите кои кажаа НЕ за екстерното оценување”-велат од Наставничкиот пленум.
Најавата за нов протестен марш на учениците според нив е уште една силна порака дека тие нема да запрат во намерата да се изборат за подобро образование за сите, оти тие се луѓето кои допрва ќе ја градат оваа земја и ќе создаваат вредности. Тие како што нагласуваат од Пленумот, се свесни дека превртениот систем на вреднување на ниво на поединец, набрзо ќе стане превртен систем на вредности на колективно ниво, а тогаш веќе стануваме општество на погрешни вредности.
“Надлежните овој чекор на средношколците треба да го разберат како последен аларм за менување на состојбите кон подобро, а тоа подразбира прогласување Мораториум на законите за образование, отворање широка јавна дебата во која ќе земат учество сите засегнати од процесот на образование, но и стручната јавност, како и граѓанскиот сектор и економските субјекти. Потребно е итно градење на Национална стратегија за развој на образованието во наредните 10 години. Дури тогаш можеме да пријдеме кон изработка на нови законски решенија и еднаш за долго време да создадеме закони коио ќе бидат имплементирани во училницата и ќе дадат добри резултати”-потенцираат просветните работници.
