Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во пожарите во Грција загина 38 годишен маж

Во пожарите во Грција загина 38 годишен маж

Маж загина во област зафатена од пожарите во Грција. 

Жител на атинското предградие Ипократио Политиа, каде што пожарот сѐ уште е надвор од контрола, загина денеска откако се здобил со удари во главата по пад на столб за струја, јави дописничката на МИА од Атина. Мажот, на 38-годишна возраст, со сериозни повреди е пренесен во болница, од каде што соопштија дека 70 минути траеле обидите да се реанимира. Но, тој сепак починал. 

Пожарите во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму се активни. 

Атина е опколена со оган, и можно е наскоро да остане без струја. 


И во Косово почина еден човек во пожарите, во близина на Приштина. 

фото Миа.мк

Слично

Поврзани вести