Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во повеќе грчки региони се воведува полициски час

Во повеќе грчки региони се воведува полициски час

Полициски час е воведен во повеќе региони во северниот дел на Грција. 

Ова важи за областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона, како и во областите Иматија, Пела и Кавала. Таму од денеска е воведен полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро. Ќе има и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден. Поради лошата епидемиолошка состојба, конкретните региони се префрлени во црвената зона, а истите мерки се продолжуваат во уште две области, Арголида на Пелопонез и Евританија во централна Грција. Во понеделник во Грција ќе има информација за трета доза од вакцината против коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести