Во понеделник ДИК ќе се изјасни за снимките на Заев
24 Вести пренесува дека се обиделе да побараат коментар од претседателите на Државната изборна комисија во врска со вчерашните објавени снимки на лидерот на опозицијата Зоран Заев кој акцентот го стави на изборниот циклус.
Актуелниот претседател на ДИК Никола Рилкоски за 24 Вести порачал дека од снимките кои ги чул, се однесуваат на локалните избори во 2013-та кога на чело на ДИК е Борис Кондарко кој пак не одговарал на повиците на овој медиум а без конктретен коментар останале и дел од другите членови на комисијата.
Тие најавиле дека в понеделник ќе заседаваат токму на оваа тема.
(Извор: 24 вести.мк)
Слично
