Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Поликлиника „Јане Сандански“ се отвара пункт за педијатрија

Во Поликлиника „Јане Сандански“ се отвара пункт за педијатрија
Со цел зголемување на достапноста на педијатриските здравствени услуги во населбата Аеродром на Поликлиниката „Јане Сандански“ од деветти јануари ќе почне со работа нов педијатриски пункт, истакна Министерот за здравство, Никола Тодоров. Предвидено е на овој пункт да бидат ангажирани околу 70 лекари педијатри и исто толку медицински сестри, а педијатриски прегледи ќе се вршат секој ден од 19:30 до 23 часот, а во недела од 8 до 23 часот. Министерот Тодоров рече дека за овој проект се одлучиле затоа што во текот на вечерните часови, како и за време на викендите особено во недела има поголем број пациенти, педијатриски случаи, на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот по белодробни заболувања кај децата во Козле. Како што истакна Тодоров, при доаѓањето во пунктот нема да биде потребен упат за добивање на услугите со што, како што нагласи, ќе се намали времето на чекање. „На овој начин ќе ја растеретиме Детската клиника во која навечер доаѓаат и по 100 пациенти, дел од кои се само амбулантски прегледи и може многу лесно да биде дадена здравствена услуга и во вакви здравствени пунктови. Во пунктот ќе работат педијатри од Детската клиника, Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Здравствен дом Скопје, како и педијатри кои имаат договор со ФЗОМ како приватни здравствен установи“, потенцира Тодоров. Министерот појасни дека во склоп на пунктот ќе има и лабораторија во која ќе работат лаборанти од Универзитетската клиника за биохемија.
Слично

Поврзани вести