Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Пирот сѐ уште истекува амонијак од цистерната

Во Пирот сѐ уште истекува амонијак од цистерната

Во Пирот се‘ уште е на сила вонредната состојба поради истекување на амонијак од вагон-цистерна кој излета од шините на десетина километри од градот, а според последните анализи на воздухот, во градот нема амонијак, но гасот од резервоарот се‘ уште протекува, па концентрациите во тој дел се зголемени, јави денеска РТС.

Откако во неделата вечерта кај Пирот се преврте вагон со амонијак, во тој град е прогласена вонредна состојба, а училиштата и градинките денеска нема да работат. Двајца мажи починаа, а обдукцијата ќе покаже дали причината за смртта е труење со амонијак. Околу 50 повредени лица има во болниците во Пирот и Ниш, 11 се задржани.

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Пирот Зоран Николиќ за РТС изјави дека водоснабдувањето на градот не е доведено во прашање, бидејќи не се снабдува од отворени водотеци, реки и езера, туку од извори.

„Сè е затворено и затоа постои минимална веројатност да се случи некакво загадување во однос на квалитетот на водата“, рече Николиќ и истакна дека Пирот има и фабрика за вода, која, како што вели, може веднаш да реагира ако се случи нешто.

Тој посочува дека водата во Пирот е сосема исправна, дека водоснабдувањето е редовно, но поинаква е ситуацијата во Станичење каде се лизна вагонот-цистерна.

„Ситуацијата е поинаква, локалниот извор во Станичење е на 150 метри од Нишава. Иако анализите покажаа дека во водата нема присуство на амонијак“, рече Николиќ.

Како што вели, квалитетот на водата се следи и дење и ноќе, а се вршат и вонредни и редовни контроли.

Во Станичење секојдневно ќе го контролираме квалитетот на водата“, рече Николиќ.

Што се однесува до местата низводно од Нишава, во Бела Паланка, од превентивни причини се препорачува да не се користи вода од чешма за пиење и подготовка на храна.

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, изјави дека резултатите се многу подобри кога станува збор за контаминација на воздухот и водата со амонијак во тој град и дека очекува од утре децата да се вратат во училишните клупи, а вработените на своите работни места.

Васиќ за РТС вели дека е поставена мобилна станица која го мери квалитетот на воздухот во индустриската зона, која го мери амонијакот.

„Од час во час присуството на амонијак е во белата зона. Не е ни во зелената зона, што е прифатливо, туку под границата. Исто така, голем пад на амонијак е забележан во Нишава кај Бела Паланка, изјави Васиќ.


Фото: Printscreen 

Слично

Поврзани вести