Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Пиреја запленети лекови за ИД

Во Пиреја запленети лекови за ИД

Во грчкото пристаниште Пиреја е запленета поголема пратка со лекови против болки, кои биле наменети за припадници на „Исламската држава“, соопшти денеска Одделението за финансиски криминал на Грција.

Повеќе од 26 милиони лекови се пронајдени во контејнер, деклариран дека содржи текстилна стока.

Тие биле испратени од Индија за Пиреја и со друг брод требало да бидат префрелни во Либија. Грција добила информација дека либиската компанија, која требало да ја добие пратката со лекови, служела како посредник за „Исламската држава“. ИД овие лекови ги користела за своите борци или ги продавала заради профит.

Слично

Поврзани вести