Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во петокот спречени терористички напади во Турција

Во петокот спречени терористички напади во Турција

Турските власти спречиле „голем“ џихадистички напад кој требало да биде извршен во петок во Истанбул, пренесе француското радио „Europe 1“.

„Мислиме дека подготвувале напади во Истанбул во ист ден, во кој беа извршени нападите во Париз. Прелиминарните резултати од истрагата покажуваат дека сме спречиле огромен напад“, изјавил анонимен извор од турските власти.

Во петокот, турската полиција уапсила во Истанбул пет лица, помеѓу кои и британскиот државјанин Аин Лесли Дејвис.

Според турските власти тој е член на „Исламска држава“ и бил пријател со Џихадот Џон.

Петмината уапсени влегле од Сирија во Турција минатата недела.

Слично

Поврзани вести