Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Во петок контра протести: „Македонија на македонците“ против „Скопје е срцето на Албанија“

(ФОТО) Во петок контра протести: „Македонија на македонците“ против „Скопје е срцето на Албанија“

Откако албанците повикаа на масовен протест во петок на 11 јули во знак на револт од незадоволството и пресудата во случајот „Монструм“ на социјалните мрежи почнаа да кружат информации за контра протести.

Македонците се подготуваат на антипротести кои ќе бидат одржани истиот ден и во исто време кога и албанските.

-Ајде да се собереме и да ги пречекаме Албанците пред владата па да им покажеме дека не можат да прават што сакаат со оваа држава и да шират насилство.

Македонија почна да личи на Палестина, но Скопје не е Бејрут - се вели помеѓу останатото во повикот на Македонците.

Се очекува албанските протести да се прошират во петок кога Албанците од останатите градови ќе им се придружат на протестите.

На повикот на Македонците на контра протест кој е објавен на Фејсбук засега одговорија  стотина државјани.

Провладините медиуми оркестрирано обвинија за наводна тајна средба на која новинари, невладини организации и претставници на опозицискиот СДСМ зборувале за можноста да се извлече политички бенефит од настаните околу случајот „Монструм“, додека од СДСМ го вперија прстот во владините партнери Груевски и Ахмети за урнисувањето на довербата во судството.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи бара повторување на судењето за Монструм, а првиот човек на ДУИ Али Ахмети повика на воздржаност додека не се искористат сите правни механизми за жалба.

Слично

Поврзани вести