Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во овој град со 100.000 долари годишно сте слабо платен работник

Во овој град со 100.000 долари годишно сте слабо платен работник

Годишна плата од 100.000 долари е за многумина низ целиот свет синоним за успех и финансиска сигурност. Сепак, во Лос Анџелес,  таа сума е едвај доволна за да ве спречи да бидете класифицирани како сиромашни.

Како што објавува германскиот „Билд“, жителите на оваа калифорниска метропола со вакви приходи мора да го превртат секој долар двапати пред да го потрошат.

Според најновите податоци од Калифорнискиот оддел за домување, семејство од три члена со годишен приход помал од 109.050 долари официјално се смета за семејство со ниски приходи. За самците, таа граница е 84.850 долари. Парадоксално, средната плата за самците во Лос Анџелес е уште пониска, 74.600 долари, што значи дека повеќе од половина од самците заработуваат помалку од прагот потребен за воопшто да се сметаат за „со ниски приходи“.

Главниот виновник за оваа статистика се вртоглаво високите трошоците за живеење, дополнително поттикнати од инфлацијата. 

„Трошоците за домување буквално им цицаат пари од џебовите на жителите“, заклучи финансиското списание „Киплингер“ пред неколку години.

Но, во другите делови на САД дури се потребни и повеќе пари за живот. 

foto Wikipedia/Sam valadi 

Слично

Поврзани вести