Во овие земји секој десетти човек е милионер
Најголема концентрација на богаташи има во Швајцарија, покажува извештајот на Boston Consulting Group.
Од 1000 домаќинства на пример, 135 поседуваат повеќе од еден милион долари.
Бахреин, Оман и Сингапур се останатите три земји во светот, каде што повеќе од 10% од населението може да се пофали со слично богатсво.
Малку под 10 проценти се милионерите во Кувајт (9,9%) и Хонг Конг (9.4%).
По бројот на милионери се истакнува и САД, каде според последните податоци има 6,9 милиони милионери, додека во Кина бројката се зголеми од 2,4 милиони, до 3.6 милиони.
Потоа следат Јапонија, Велика Британија и Канада, а за зад нив не заостануваат многу ни Германија, Тајван, Италија и Русија.
Слично
