Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во овие земји можете да се лекувате бесплатно додека сте на одмор

Во овие земји можете да се лекувате бесплатно додека сте на одмор
Фондот за здравствено осигурување склучи договори со 15 земји, со што на македонските граѓани им се овозможува доколку итно во овие земји им треба здравствена услуга, тоа да го добијат бесплатно, на товар на домашното осигурување. Во иднина, македонските граѓани ќе можат бесплатно да се лекуваат додека се на одмор во Турција, Бугарија, Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија. Меѓутоа, за да ја добијат оваа здравствена услуга, македонските државјани ќе треба најпрвин пред заминување во странство да аплицираат во Фондот за двојазичен образец за една од земјите, кој е бесплатен и да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување.
Слично

Поврзани вести