Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во овие 10 градови сместувањето е најевтино

Во овие 10 градови сместувањето е најевтино

Сајтот "Airbnb" ги селектира градовите каде сместувањето е најевтино. 

Во 10 европски градови со најевтино сместување влегува Загреб, Хрватска. Иако на море е скапо, сместување во другите делови може да се најде за 50 евра дневно. 

Во Врашава, Полска за ноќевање во просек се плаќа по 34 евра. 

Киев, Украина исто е град каде во просек по ден се плаќа по 30 евра. 

Во Санк Петерсбург, во Русија се плаќа по 50 евра од ден. Воедно овој град е прогласен за најдобра дестинација за одмор во Европа. 

Во Букурешт, Романија стан во центарот може да се најде за 29 евра од ноќ. 

Цените се исти и во Софија, Бугарија каде за ноќ се плаќа по 29 евра. 

Истиот просек од 29 евра го има и во Солун, Грција. 

За сместување во Истанбул, Турција има многу можности и понудата е шаренолика. Таму просекот е 28 евра од ноќ. 

Белград, Србија е еден од најевтините градови во Европа со цена за сместување по ноќ од 28 евра. 

Во Тбилиси, Грузија се плаќа уште поевтино и тоа 26 евра. 






Слично

Поврзани вести