Во оваа земја вработените ќе имаат законско право да работат од дома два дена во неделата
Во Австралија, на вработените ќе им биде дадено законско право да работат од дома два дена во неделата.
Владата на Викторија се обидува да донесе закон за правото на работа од дома, и покрај противењето на дел од деловната заедница кои предупредуваат на потенцијални проблеми со продуктивноста.
Некои од најголемите компании во Австралија ќе бидат обврзани со закон да им дозволат на вработените да работат од дома два дена во неделата, откако владата на државата Викторија објави дека ќе воведе закон со кој работата од дома ќе стане законско право.
Мелбурн, главниот град на Викторија и најголемиот град во Австралија, е дом на голем број големи работодавци, вклучувајќи ги BHP, Rio Tinto, ANZ Bank, Telstra и некои од најголемите пензиски фондови во земјата.
Лабуристичката влада на државата предложи вработените во јавниот и приватниот сектор да имаат законско право да работат од далечина два дена во неделата од септември, каде што е можно. Малите компании ќе имаат подолг период на прилагодување, пренесува Forbes Hrvatska.foto foto freepik.com/Drazen Zigic
