Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во оваа земја производството на нафта ќе остане на 23 годишно дно

Во оваа земја производството на нафта ќе остане на 23 годишно дно

Венецуела очекува производството на нафта во 2017 година да остане на 23-годишен минимум. 

Три години рецесија и високите цени доведоа до вонредна состојба за поголемиот дел од населението. 

Венецуелската државна енергетска компанија PDVSA очекува производството на нафта во земјата во 2017 година да остане на 23-годишен минимум, соопшти агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на интерен документ со кој располага.

PDVSA која ги генерира речиси сите приходи од извоз и е финансискиот мотор на социјалистичката влада, проценува дека производството е намалено за 10% во 2016 година поради кризата во економијата и ниските цени на нафтата.

Слабата финансиска состојба на компанијата предизвикува проблеми во оперативната работа и така уште повеќе се продлабочува падот во економијата на оваа јужноамериканска земја. Три години рецесија и високите цени доведоа до вонредна состојба за поголемиот дел од населението. Според голем број економисти БДП во 2016 година се намалил за над 10%.

Во 2017 година PDVSA очекува принос на ниво од 2,501 милиони барели дневно, што е раст од само 5.000 барели за првите 11 месеци од 2016 година, покажуваат податоците во 9-годишниот стратешки план претставен во декември.

Извозот за Кина, кој обезбедува на Венецуела над 50 милијарди долари за децении се очекува да се зголеми за 55% во 2017 година и да достигне 550.000 барели дневно.

Испораките до Индија сепак ќе се намалат со 15,5% до 360.000 барели дневно.



Слично

Поврзани вести