Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во оваа земја повеќе од 2 милиони луѓе ги изгубија работните места поради пандемијата

Во оваа земја повеќе од 2 милиони луѓе ги изгубија работните места поради пандемијата

Повеќе од 2 милиони луѓе во Јужна Африка останаа без работа поради коронавирусот. 

Околу 2,2 милиони луѓе сега  се без работа поради строгите регулативи за сузбивање на коронавирусот во Јужна Африка, покажуваат најновите податоци објавени денеска од агенцијата за статистика.

Економијата на Јужноафриканската Република, втора по големина во Африка, трпи штети поради едни од најстрогите мерки за коронавирусот во светот.

Економијата на оваа земја веќе беше во рецесија и пред пандемијата. 

Милиони луѓе сега се борат да преживеат, а сиромаштијата вртоглаво се зголеми во последните неколку седмици.

Над 16.000 луѓе во оваа земја починаа од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести