Во оваа земја нудат работа, треба само да се преселите
Се нуди работа, а оној кој ќе прифати треба да остане пет или повеќе години.
На канадски остров се нуди земја и работа за оној кој сака да се пресели и да работи таму.
Се работи за селото Вајкокомагу, на островот Кејп Бретон. Објавен е оглас на социјалната мрежа Фејсбук на која се наведува дека се нудат многу пари и дека сопствениците имаат земја за распродавање. Досега се пријавиле над 3.500 луѓе.
Се даваат по два акри земја на оние кои сакаат таму да живеат и работат пет и повеќе години.
„Не можеме да ви дадеме многу пари, но можеме да ви понудиме убав живот. Бараме луѓе кои се грижат за околината, кои сакаат да бидат дел од заедницата и кои нема да гледаат дека работат за нас, туку како да работиме заедно и создаваме нешто со што ќе се гордееме“ - стои во повикот.
