Во Основен суд 1 Скопје ќе продолжи рочиштето за „Диво насеље“
Во Основен суд 1 Скопје денеска ќе продолжи рочиштето за случајот „Диво насеље“.
На претходното судско рочиште искази дадоа 4 припадници на специјалната единица на полицијата, во својство на заштитени сведоци. Рочиштето беше затворено за јавноста.
Во ноември минатата година Основното Јавно Обвинителство поднесе обвинение против 29 лица за кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”, за настаните од 9 и 10 мај лани во кумановската населба „Диво Насеље“, каде беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени. Во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.
На првото рочиште сведочеа петмина, од кои четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица Гошинце, пред настаните во Куманово, и еден очевидец од Диво насеље.
Полицајците кажале дека биле нападнати од две групи, кои ги претепале и им го земале оружјето.
