Во општина Центар зголемен интересот за самовработување
Претставници од Центарот за вработување на Град Скопје ги презентираа мерките и програмите за самовработување на невработените лица пред повеќе од 100 граѓани од различни возрасти од Општина Центар.
На средбата, соопшти денеска Општина Центар, што се одржа во организација на општинскиот Сектор за локален економски развој, информации за програмите за финсиската поддршка и субвенции за вработување нови лица беа презентирани и пред работодавачи. Подетално беше објаснета и Програмата за самовработување, чиј јавен оглас трае до петок.
- Со новиот оперативен план за активните програми и мерки за вработување се нуди широк спектар на можности за самовработување, обуки, преквалификации, како и можност финансиски да се подржат фирмите кои сакаат да вработат лица од различни целни групи. Тоа може да бидат лица од 29 до 59 годишна возраст, соопшти Општина Центар.
