Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во октомври забележан пад на трошоците за живот

Во октомври забележан пад на трошоците за живот
Во октомври оваа годинатТрошоците на живот, мерени преку цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, во споредба со претходниот месец, бележат пад од 0,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Трошоците на живот, како што покажуваат податоцие, бележат раст од 1,3 отсто во однос на истиот период лани. Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври оваа година, во однос на претходниот месец , намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 1,6 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци и  Алкохолни пијалаци, тутун за 0,2 отсто и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,1 отсто. Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Облека и обувки за 2,1 отсто и Здравје за 0,5 отсто.  
Слично

Поврзани вести