Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во октомври потрошени 640 641 МWh електрична енергија

Во октомври потрошени 640 641 МWh електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016 година, во Република Македонија,  вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 640 641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3  природен гас, 344 347 тони јаглен и 103 179 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72.7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 93.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Во септември 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 541 800 МWh електрична енергија, 18.265 мил.нм3 
природен гас, 385 272 тони јаглен и 112 029 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија во септември учествува со 74.8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.8% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на  електрична енергија.



Слично

Поврзани вести