Во октомври имало најмногу патници во возовите
Во октомври 2015 година имало најмногу патници во возовите во Македонија.
Ова го покажуваат статистиките на Државниот завод за статистика, според кои во октомври низ македонските возови поминале 152.000 патници. Во месеците септември, октомври и ноември имало пораст на бројот на луѓе кои го користат железничкиот сообраќај.
Бројките покажуваат дека во септември се регистрирани 120.000 патници во возовите, а во ноември имало 108.000 патници.
Најмалку возовите како превозно средствo се користеле во месец јануари лани, кога се превезени само 45.000 патници.
Гледано долгорочно, во 2013 и 2014 година железничкиот сообраќај имал помалку патници, за разлика од периодот од 2009 до 2012 година кога бројот на превезени патници бил поголем.
Во однос на превезена стока, цела 2015 година се превезувале месечно над 100.000 тони стока, со исклучок на месец април кога се транспортирани 86.000 тони стока.
Слично
