Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во октомври 2025 година во Македонија имало 614.334 вработени лица

Во октомври 2025 година во Македонија имало 614.334 вработени лица

Во Македонија, според состојбата во октомври 2025 година, бројот на вработени изнесувал 614.334 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број вработени, според истата состојба во октомври 2025 година, 330.240 се мажи, а 284.094 се жени. Податоците покажуваат дека најголем дел од вработените се концентрирани во неколку дејности.

Најмногу вработени има во преработувачката индустрија, каде што биле евидентирани 120.209 лица. Тоа е дејноста со најголем број вработени во земјава. Втора е трговијата на големо и мало, заедно со поправката на моторни возила и мотоцикли, со 106.250 вработени лица. На трето место е јавната управа и одбраната, каде што биле евидентирани 44.983 вработени. Четврта дејност според бројот на вработени е образованието, со 44.337 вработени лица. Веднаш потоа следи здравствената и социјалната заштита, со 43.288 вработени.

Овие податоци, кои се однесуваат на состојбата во октомври 2025 година, покажуваат дека најголем дел од работната сила во земјава е распоредена во индустријата, трговијата и јавните услуги.

Слично

Поврзани вести