Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Охрид наместо гориво им точеле вода?!

Во Охрид наместо гориво им точеле вода?!

Окулу педестина возила вчера попладне наместо гориво, во резервоарите добиле вода, пишува „Охрид 1“ повикувајќи се на свои извори во инспекциските служби. Порталот јавува за  нервозни граѓани кои бурно реагирале и инспектори кои проверувале на лице место на бензинската пумпа. Граѓаните кои точеле гориво имале проблеми со своите возила на кои им „гаснел '' моторот заради водата која им била наточена во резервоарите. Инспекцијата излегла на терен и извршила увид на лице место, земени биле мостри од горивата, а според граѓаните кои биле погодени вработените тврделе дека се работело за скинато црево од кое се излеала вода.

Слично

Поврзани вести