Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во очи на маршот средношколците трпат низа притисоци

Во очи на маршот средношколците трпат низа притисоци
Од средношколскиот пленум велат дека непосредно пред маршовите кои следуваат до крајот на тековната недела во речиси сите градови, учениците кои се дел од Средношколскиот Пленум се соочуваат со силни и морбидни притисоци и закани.
„Претежно заканите се однесуваат на нивното излегување на маршовите и собирите под организација на Пленумот, а се одразуваат со насилство, лаги за санкции во училиштата каде што учат, не одење на екскурзии,  бркање од работа на нивните родители, исто така и кинење на плакати со информации околу маршовите, создавање црна контракампања и слично. Овие обиди да се спречат активностите на Пленумот извршувани се дури и од страна на професори во самите  училишта. Од ден во ден, овие закани и притисоци стануваат се посилни и поморничави од кога било, а најприсутни се во градовите Ресен, Струга, Кавадарци, Штип, и Крушево“, велат од Средношколскиот Пленум. Тие најостро ги осудуваат ваквите морбидни изживувања врз средношколците со цел да бидат спречени во нивната борба.
„Јавно им порачуваме на сите оние кои во каков било вид, извршиле притисок врз кој било средношколец, дека нашата борба за подобро образование и подобро утре, нема да успеат да ја задушат. Секако, уште еднаш максимално се оградуваме од секакви партиски етикетирања“, потенцираа од овој пленум.
Тие ни испратија фотографии на кои според нив е прикажано примитивно оцрнување на Пленумот и воедно на учениците во целост. srednoskolski plenum pritisok1 srednoskolski plenum pritisok
Слично

Поврзани вести