Во обидот за државен удар вклучен и пилотот кој го урна рускиот авион
Пилотот кој го собори рускиот авион СУ – 24 учествувал во обидот за пуч во Турција, соопшти градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек.
Тој објаснува дека пилотот бил дел од организацијата на свештеникот Фетула Гилен. Организацијата има свое седиште во САД, но ги негираше сите обвинувања дека го организирале државниот удар. Гилен лично го осуди обидот за државен удар во Турција за симување од власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Токму “паралелната држава” ги расипа нашите односи со Русија. Тоа беше инцидент (соборувањето на авионот) во кој директно учестувуваше еден од пилотите, член на таа организација. Тој бил еден од улчесцниците во вчерашниот државен удар. Јас лично, Мелих Гокчек, кажувам дека нашиоте односи со Русија ги расипаа токму овие злобници“ - кажа Гокчек.
Градоначалникот смета дека оваа „паралелна држава” има намера да ја изолира Турција на меѓународната сцена.
