Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Новата година Бугарија проодна

Во Новата година Бугарија проодна

Движењето по автопатот „Тракија” кон Бургас  се одвива нормално од синоќа, соопштија од агенцијата “Патна инфраструктура” (АПИ). 

Целосната блокада на Бургас поради лошото време и несреќи на патиштата продолжија и синоќа, а самиот  автопат  поради снежното невреме и сообраќаен метеж беше затворен речиси 24 часа.

Возачите треба да возат со намалена брзина и внимание кај 320-тиот километар, како и кај 350-тиот. Ова се воведува поради тесните  делови од снеговите. 

Драмата за патници кон Бургас започна околу 19 часа во ноќта на 30-ти против 31-ви декември. Лошото време доведе до верижен судир со учество на околу 30 автомобили и камиони пред Бургас. Оваа целосно го блокира движењето по автопатот во правец кон морскиот град. Подоцна движењето и кон Софија престана поради навевеите од снег.

Синоќа медиумите во Бугарија пишуваа дека е подобро да не се патува ако не мора. 



Слично

Поврзани вести